Избегната стравична несреќа во скопската населба Ченто. Заскитан куршум синоќа заврши меѓу две жени, пробиени биле лесонитни табли на терасата под која што седеле, дознава 24 Инфо .Куршумот поминал меѓу нив и завршил во ѕидот на куќата.
Очевидци велат дека скоро секоја втора вечер наоѓаат по некој заскитан куршум кој завршува во нивните дворови.
,,Постојано се пука, не знаеме дали се пиштоли или пушки, така беше и вечерва, цела среќа што куршумот не заврши на во една од нас двете” велат за 24 Инфо.
Од МВР засега немаат официјални информации за несреќата.