Игор Џамбазов се враќа во новогодишната Еден на Еден со Жаре, во недела, од 18.30 на Канал 5. Омилениот актер и шоумен искрено раскажа како му поминала цела година, работно и приватно.
Џамбазов периодов поретко оди во Стојаково и во Слепче, но затоа Дојран е неговата нова база.
„Јас сум дојранчанец со привремена работа во Скопје“, му рече Игор на Жаре. Дојран му е омилен, но Џамбаз е еден од ретките кој речиси никогаш не оди на одмор во Грција.
„Пред многу години во „Супер Бинго“, едно семејство доби награда – летување со Игор Џамбазов во Грција. Се избањав првиот ден со нив, се сликав, потоа од соба не излегов девет дена“, е само една од приказните на Џамбазов.