Претседателот на државата, Ѓорге Иванов во денешното обраќање пред јавноста ги демантира исказите на обвинетиот Александар Василевски -Нинџа, кои ги даде вчера во суд, дека вечерта на 27 април Иванов планирал да прогласи воена состојба.
„Ги демантирам ваквите искази и најодговорно тврдам дека не сум планирал на 27 април да прогласам воена состојба. Ако некаде не постоел паралелен врховен командат кој тоа ќе го направи. Во последниот период, јас и мојот кабинет сме постојана мета на напади со цел да не наместат за настаните за 27 април. Цело време се соочувам со закани и местенки. Нека излезат и нека кажат странските престваници дали вршеле притисок врз мене да не прогласам воена состојба. Мојот кабинет во континуитет ги демантираше лажните вести кои ги објавуваат во медиумите – истакна во дел од своето обраќање Иванов.