Најпознатата хрватска навивачка Ивана Кнол моментално ужива на Миконос. Своите следбеници секојдневно ги почестува со нови фотографии. Сега штотуку венчаната диџејка објави две фотографии на кои позира во костим за капење.
„Миконос го освои моето срце“, напиша таа во описот на објавата и предизвика бројни коментари. Еден обожавател ѝ напишал „дека е заљубен во неа“. „Единствена“, „Убава си“, беа коментарите под фотографиите.
Подоцна во форма на приказна на Инстаграм покажа како се почастила со пица, а на масата ја чекало уште овошје.
Инаку, Ивана неодамна летуваше на Ибица каде се дружеше со многу познати колеги од светот на музиката.