725
Завчера на Лондонскиот филмски фестивал премиерно беше прикажан филмот „Стаклена арка“, продолжението на „Нож во грбот“ на Ријан Џонсон, кој ги собра големите имиња на холивудскиот филм.

Одличниот тим го предводи британскиот актер Даниел Крег, а друштво пред камерите му беа Кејт Хадсон, Едвард Нортон, Џенел Моне, Дејв Батиста…

Со црвениот тепих дефинитивно „владееше“ Кејт, која се одлучи за ризичен фустан на модната куќа Сен Лоран. Фустанот со тенки прерамки се прекрстува одзади и е така исечен што малку ѝ остава на имагинацијата во горниот дел од телото.
