Д-р Нико Беќаровски од Институтот за токсикологија во својот најнов став на Фејсбук профилот, оценува дека нема простор за страв од сојот омикрон.
“Сите релевантни и независни укажувања сугерираат дека омикрон е со многу поблаги симптоми и шансите да завршите во болница се околу 80% помали, од моментално доминантната делта варијанта во Македонија. А ЗОШТО СЕ КРЕВА ТОЛКАВА ПРАШИНА И ВЛЕВА СТРАВ??? Ако во моментов Ние имаме околу 500 новозаразени дневно, кои нашиот здравствен систем успешно ги апсорбира, тоа би значело дека од омикрон варијантата, здравствениот систем успешно би апсорбирал и до 4000 новозаразени, бидејќи заболените воглавно би лежеле дома, пишува тој.
-Ако просечното траење на Ковид-19 е околу 10 дена, тоа значи дека СЕКОЈ ДЕН во подолг временски период би имале околу 40.000 АКТИВНИ СЛУЧАИ, што мора да се согласиме дека може да создаде сериозни економски импликации и ГОЛЕМ БРОЈ НА ОТСУТНИ РАБОТНИЦИ од своите работни места. Токму затоа, поради сериозните импликации врз бизнисот е големата паника која владее во ЕУ и САД, од Omicron-чето. Човекот во западната цивилизација, оддамна ја изгуби битката со неговото височество профит“, напиша д-р Беќаровски.