“ЛАЖНА ВЕСТ Е ДЕКА ЛЕКОТ ИВЕРМЕКТИН ГО ИМА ВО АПТЕКИТЕ“ – тврди д-р Ненад Лазаров

by Тони Зографски

Матичниот лекар Ненад Лазаров, преку Фејсбук статус тврди дека лекот Ивермектин го нема во аптеките.

“Еве лажна вест!

Лекот ГО НЕМА во аптеки, а ниту еден матичен лекар не е информиран ниту се дадени никакви препораки.

Касниме месеци, а тоа ефектуира изгубени животи.

Скандалозно е екскомуницирањето на цело примарно здравство, 80% од COVID19 тука се менаџира.

Срамно е лажењето а штетен е ефтиниот PR“, напиша Лазаров на неговиот пост.

Претходно, министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил напиша дека лекот Ивермектин е достапен во аптеките.

 

 

останати вести