Сопругата на англискиот фудбалер Џејми Варди, Ребека Варди изненади многумина кога на својот Инстаграм профил, каде има 400.000 следбеници, објави фотографија на која позира целосно гола на балкон во Лас Вегас.
И додека некои следбеници и даваа комплименти во коментарите, не сите ја одобрија сцената. „Зошто?“, „Вие сте сопруга и мајка. Размислете за вашето семејство и за срамот што им го прави јавната голотија“, „Тажно е што се соблекувате поради лајкови“, се дел од критиките што ги доби.
Инаку, Ребека е позната по скандали. Минатата година потрошила повеќе од три милиони фунти поради битката на високиот суд со Колин Руни, поранешната сопруга на Вејн Руни. Британците будно го следеле случајот и му дале прекар „Wagatha Christie“.
Во мај 2022 година, Варди го тужеше Руни за клевета, а во 2019 година го обвини Руни дека тајно објавува информации за неа во медиумите. Медиумите нивната кавга ја нарекоа најголемата војна меѓу сопруги на фудбалери во историјата.