Сè е во генетиката кога станува збор за нашата вродена отпорност кон одредени вируси – или барем така сметаат научниците чија студија објавена во „Nature Immunology“ се потпира на неколку факти: дека постојат групи луѓе за кои веќе е докажано дека се отпорни, на пример, на ХИВ и норовирус, дека тоа се должи на гените наречени „интерферони“, на количеството протеини и крвната група, пишува ИФЛ Наука. Ова, според нив, треба да се испита и за короната.
Како тоа некои луѓе „топ не ги бие“? Во 22-та месеци колку што трае пандемијата, инфекциите се неверојатно променливи. Некои луѓе лесно и асимптоматски го минуваат вирусот, некои во болница, а некои продолжуваат да страдаат со месеци по инфекцијата.
„Родените отпорни“ имаат повеќе интерферони и протеини
Првата од овие „генетски“ причини според научниците е поврзана со вродената подложност на вирусот. Недостатокот на интерферони тип I (ИФН), на пример, е поврзан со околу 20 отсто од критичните случаи на ковид-19. Откриено е дека повеќе од 10 отсто од луѓето со тежок ковид-19 имаат веќе постоечки авто-антитела против ИФН тип I, што дополнително сугерира дека недостатокот на протеини може да ја зголеми чувствителноста кон инфекции.
Крвната група влијае на отпорноста
Што се однесува до тие што „се родиле отпорни“, во моментов постојат само три познати примери: отпорни на плазмодиум вивакс, на вирусот ХИВ-1 и на норовирусот. Сите овие механизми се недостаток на рецептори или основни рецептори кои се искористени од патогенот за да влезат во клетките домаќини. Следејќи ја оваа линија на истражување, авторите сугерираат дека оние со крвна група О можат да бидат малку поотпорни.
Мутацијата на АСЕ2 протеин е исто така причина
Понатаму кандидатите за отпорност на SARS-CoV-2 гени што тимот ги предлага ги вклучуваат оние за ACE2 рецепторот, кој вирусот го користи за да влезе во клетката. Откриена е ретка мутација која штити од инфекција, веројатно со намалување на изразот на АCЕ2, додека е познато дека различни форми на рецептори го врзуваат протеинот на вирусот со различни афинитети.
Флавивирусите и луѓето од Азија
Друг протеин, TMEM41B, кој е потребен за вирусно навлегување во флавивирусите – вирусно семејство кое ги вклучува вирусите на денга, жолтате треска и Зика вирусот-може да биде од интерес, велат авторите. Неговото влијание врз инфекцијата со ковид-19 допрва треба да се утврди, но е идентификувано како услов за дозволена инфекција со вирусот. Во студиите за флавивирусот, алелот кој е вообичаен кај источните и јужните Азијци е поврзан со помал капацитет за поддршка на флавивирусна инфекција.
Научниците ќе ја тестираат теоријата на 400 избраници во четири фази: оние кои останале негативни, оние кои имале симптоми на ковид-19, оние кои незаштитени дошле во контакт со вирусот и оние кои по контактот добиле негативен тест, а кај сите ќе се испитува Т-клетката, таа што го дава имунитетот.