Цената на бензините од вечерва на полноќ се зголемува за 2 денари по литер, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на ЕУРОСУПЕР 98 се зголемува од 80,5 на 82,5 денари по литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР 95 од вечерва ќе изнесува 80,5 денари по литар.
ЕУРОДИЗЕЛ останува со непроменета цена – 69 денари по литар. Останува иста и цената на екстра лесното масло 67,5 денари, и на мазутот 39,4 денари.