Украинскиот пратеник Алексеј Гончаренко му се закани на српскиот претседател Александар Вучиќ „да се подготви да побегне во Русија“.
„ За секој случај земете билет за Ростов. Можеби наскоро ќе ви се најде“, му препорача Гончаренко на Вучиќ на Телеграм, пренесува „Новости“.
Тој напиша и дека „неговиот став за Србија останува ист: учи и лечи, лечи и учи“.
Заканата од Украина пристигна пред два дена на адреса на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и на српскиот народ.
„ Украина, заедно со Хрватска, ќе му се одмаздат на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за неговите изјави за специјалната операција“, изјави пратеникот на Врховната рада на Украина Алексеј Гончаренко на Телеграм.
Претседателот Александар Вучиќ вчера накратко се осврна на заканите од Украина.
„ На украинскиот народ му посакувам се најдобро, а Хрватите да си ја гледаат својата работа“, рече тој.