Здравко Чолиќ бил заљубен во покојната Дивна Карлеуша, мајката на Јелена Карлеуша.
Како што пренесуваат српските медиуми, Дивна во младоста му го скршила срцето на Чола. За нивната неуспешна љубов најголемиот виновник била мајката на Дивна, Дара. Таа не сакала ни да чуе нејзината постара ќерка да се забавува со Чола, кој во тоа време важел за најголемиот шармер. Дивна била негова најголема љубов, а ако госпоѓа Дара не се противела на нивната љубов, којзнае што би се случило со нив.
Инаку, на српската естрада веќе со години се зборува дека Дивна и Чола биле во страствена врска.
“Знаеме дека се зборува дека Дивна била во врска со Чола, но тоа не е вистина. Точно е само дека тој отишол на вратата од станот во кој таа живеела во Нов Белград да ја праша нејзината мајка Дара дали Дивна може да ја однесе на состанок. Затоа што таа била многу строга, а Дивна се уште средношколка, Дара не дозволила“ – вели изворот.