Многу дами ширум светот се прашуваат како Хелена Сегер ја одржува својата прекрасна линија на тело, а всушност работата е во тоа што таа не го пропушта тренингот.
Иако Златан Ибрахимовиќ е најпознатиот фудбалер на нашите простори, неговата сопруга Хелена и тоа како привлекува внимание со своето тело и неверојатно младолик изглед на 52 години.
Прекрасната, некогашна шведска манекенка го одржува своето тело во прекрасна фигура, иако гордо ја „гази“ шестата деценија од животот.
Имено, таа е висока околу метар и седумдесет сантиметри, а килограмите ѝ варираат од 51 до 55, а овие податоци ни кажуваат дека таа има речиси идеална градба.
Евидентно е дека нејзините килограми не се менуваат во текот на годините, како и дека секој мускул на телото ѝ е извајан, па и многу помладите дами ѝ завидуваат на таквата витка линија на тело. Но, за да изгледа така, поубавата половина на Златан редовно оди на тренинзи, а тајната е во тоа што задoлжително користи тегови во текот на вежбањето, но исто така таа води сметка и за тоа што внесува во својот организам и се труди да не јаде често нездрава храна.
Од друга страна таа не троши многу време на изборот на модни комбинации, истакнува дека подобро се чувствува во фармерки отколку во дизајнирани фустани. Не сака да оди многу на шопинг, нема куќна помошничка, а ужива во брзото возење со мотор.
Оваа убавица речиси две децении е во љубов со Златан Ибрахимовиќ со кој има и две деца, а нивната романса не престанува да биде интересна за јавноста поради тоа што таа е 11 години постара од фудбалерот.