Македонскиот медиумски простор од денеска ќе биде посиромашен за уште еден дневен весник. Денеска излезе последниот број на дневното гласило Независен весник.
Новинарите на овој медиум соопштија дека им било речено дека од утре Независен весник нема повеќе излегува.
Првиот број на Независен весник излезе на 27 номеври, 2017 година. Главен уредник беше Слободанка Јовановска.
Инаку, во април 2017 беа згаснати изданијата на МПМ: Вест, Дневник, Утрински, Македонски спорт и Теа Модерна.