Актерката Јелена Јованова која е позната по улогата на Јелена од Драчево во македонската ТВ серија „Преспав“, на социјалните мрежи напиша дека само 60 секунди ѝ биле потребни за да се облече и да истрча надвор откако земјотрес утрово го погоди Загреб.
„За 60 секунди бев облечена и веќе надвор. Минатиот пат ми требаа 180. Напредок. Браво јас. Значи доста е. Доста. Ние, добро сме. Фала ви луѓе“, вели Јованова, која во март се соочи со иста ваква ситуација, кога Загреб го погоди силен земјотрес, а таа беше бремена со синот Јаков.
Инаку, земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер, рано утрово ја погоди Хрватска. Епицентарот на земјотресот е регистриран на 50 километри југоисточно од Загреб, на длабочина од два километри.