Иако во февруари оваа години ќе дувне 68 свеќички на роденденската торта, на манекенската легенда Кристи Бринкли никој не би ѝ дал толку, бидејќи изгледа неверојатно младолико.
Русокосата убавица со неодолива насмевка жарела и палела уште во 1980-тите година, а многумина се сеќаваат на неа од спотот Uptown Girl на тогашниот сопруг Били Џоел.
Кристи, која ги полни батериите на бајковита тропска локација што не ја открива, ги воодушевила обожавателите во летно издание.
Лежерно префрленото парео преку струкот открило дека убавата манекенка е во топ-форма пред својот 68-ми роденден, а од сонцето се заштитила со очила за сонце и сламен шешир.
Инаку, во едно претходно интервју, Бринкли открила дека и понатаму планира да се фотографира во костими за капење.
„Ги објавувам тие фотографии, бидејќи многу жени ми се јавуваат и ми се заблагодаруваат, велејќи ми дека сум го сменила начинот на кој луѓето размислуваат за нечии години“, рекла тогаш Кристи, која е горда мајка на две ќерки и син.
Освен тоа, манекенката открила дека за нејзиниот фантастичен изглед заслужна е вегетаријанската исхрана и редовното спортување.