На владина седница се прифатени препораките на Комисијата за заразни болести, со што се предвидува од 18 декември до 20 јануари на полноќ, меѓу другото, угостителите да работат до 18 часот. Ова денеска на прес конференција го соопшти премиерот Зоран Заев.
– Се наоѓаме пред нов предизвик од нашата битка со пандемијата со Ковид-19 соочени со изборот да продолжиме со превентивните здравствени политики и чекори за излез од кризата кога вакцината е на чекор до испорака или да влеземе во ризик со неодговорно празнување на празниците пред нас. Владата донесе одлука да ги прифати препораките на комисијата за заразни болести за нов пакет рестриктивни мерки од 18ти декември до 20 јануари на полноќ со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени во претстојниот период на празници, рече Заев.
Меѓу мерките е ограничување на работното време на угостителски објекти, забрани за предновогодишни и новогодишни забави на отворен и затворен прсотор, јасни препораки до верски заедници, работни организации, општини и ресторани во хотели.
– Угостителските објекти да работат до 18 часот наместо досегашни до 21 часот, како што веше досега. Целта на оваа мерка е да издржиме сите упте малку и да не дозволиме заради празнување на предизвикаме ескалација, мерката носи има празнувај одговорно а целта е заштита од ковид 19 во предвечерието на вакцинацијата, рече Заев.