Партнерката на Роберто Кавали е 45 години помлада од него, а парот тврди дека ужива во љубовта и дека разликата во години не им е проблем.
Велат дека вистинската љубов не познава години, а еден од поекстремните примери е 14-годишната врска на познатиот дизајнер Роберто Кавали и неговата 45 години помлада девојка Сандра Нилсон.
Тие влегоа во врска во далечната 2008 година, а и покрај прогнозите дека нема да трае ниту еден месец, нивната љубов и понатаму е силна како првиот ден. Сепак, тоа не ги спаси од коментари дека тој би можел да и биде дедо, а Сандра ја интересираат само неговите пари.
Кога имала 14 години, извидниците од една француска модна агенција ја забележале нејзината специфична убавина – крупни сини очи и кафена коса што е реткост во нордиските земји.
Со текот на годините, таа освојуваше награди, меѓу другите за Мис на ЕУ, Мис на светот на бикини, Мис на Хаваи и конечно за најубава жена во Шведска, а беше и модел на Плејбој.
Дека сега ужива во луксуз, докажува и фактот што модниот дизајнер, кој неодамна го прослави 82-от роденден, решил на својата девојка да и купи остров во Шведска со луксузна вила. Имено, Роберто на Сандра и купил упориште на Викинзите од 11 век во Шведска на приватен остров, кој чини 3 милиони евра.
На островот има и прекрасна вила со четири спални соби, дел за лов, базен, терен за голф, но и остатоци од викиншка тврдина, пишува „Daily Mail“.
Дополнително, поранешната манекенка може да џогира до срце по добро одржуваните патеки на островот долги 1,5 километри, а островот има и приватен пристаниште со траект кој може да прими 10 луѓе.
Инаку, Кавали и Сандра се запознале кога тој се развел од сопругата, а со неа, како што вели дијазнерот, го нашол својот мир, таа е неговата муза, неговата вистинска љубов и не се грижат за разликата во годините.