13-годишниот Џек Рико од САД има дури четири дипломи на стручен соработник – ги стекнал во рок од само две години. Само за споредба, на просечен студент толку време му е потребно за да дојде само до една таква диплома.
Станува збор за академска програма која не постои во нашиот регион, туку најчесто се практикува во САД и Канада. Се вика „associate’s degree“, а се работи за пред-дипломско ниво (прва фаза по средното училиште), целта е на студентите да им пружи основни технички и академски знаења и вештини што им се потребни за вработување или понатамошно студирање во одредена област.
Ова исклучително паметно момче минатиот викенд дипломирало на Колеџот Фулертон во Калифорнија, со што станал најмлад ученик кој постигнал таков успех во историјата на факултетите.
Џек стекнало дипломи за стручен соработник од историја, човечко изразување, општествено однесување и општествени науки.
– Едноставно сакам да учам нови работи. Сакам да знам повеќе нешта за светот и за сите различни работи кои можат да се проучат, рекол Џек за „Си-Ен-Ен“.
– Колеџот има околу 21.000 други студенти од различни средини, но Рико е посебен и отскокнува од масата. Не е типично толку млад студент на посетува настава, па така Џек е прилично познат во кампусот. Многу е мудар за своите години и многу сум задоволен што на нашиот колеџ го пронајде домот и местото за успех, искоментирал Грег Шулц, претседател на Колеџот Фулертон.
Џек е скромен и чувствува дека нема многу мудрост во неговиот успех. Тој вели дека е важно добро да управувате со времето и да ги слушате професорите. Што сака да биде кога ќе порасне, тој сè уште не знае.
Неговата мајка, Ру Андраде, рекла дека знаела дека нејзиниот син отскокнува од другите деца уште кога бил мало момченце.
– Кога наполни четири години го прашав што сака да добие за роденден. И додека другите деца на негови години бараа играчки или патување во Дизниленд, тој кажа дека сака да ја види Белата куќа, се сеќава со гордост неговата мајка.