Др Ненад Лазаров во изминатите неколку месеци постојан е активен на социјалните мрежи на кои споделува совети и укажува на потребата од почитување на мерките против коронавирусот. Со тоа стекна голема популарност и поддршка кај голем дел од македонската јавност. Но, не кај сите, очигледно. Последно време дојде во судир со водителката Миа Костова, препукувајќи се преку статуси на социјалните мрежи.
Така, пред неколку дена, Лазаров објави статус во кој индиректно ја прозва ТВ водителката Миа Костова со зборовите „И инфлуенсерката поздравете ја шо и кревав паника“ која на 8 октомври објави дека е позитивна на ковид 19.
Водителката возврати на ударот со поопширен статус:
“Господин доктор, матичен, кој пробува да не убеди дека нобелова награда во достигнувања за ковид-19 ќе лапне кај и да е. Поздравете го, да не ја отворам устата за психичката состојба на истиот кој глуми морал па и покрај прележан ковид тврдам дека крева паника која е тотално непотребна во моменти кога и онака народот е полуден на таа тема. Докторче, еготрип, самобендисан и самопрогласен како врвен во струката а подалеку од диши диши нема видено. Најголемо достигнување во кризава му беа визирите. Ќе го замолам да не си претпоставува од кај сум се заразила за да не лапа пријава и од мене иако не сум му колешка ама за медицина горе доле исто знаеме. Срам за фелата”, напиша Миа.
На нејзината објава, докторот Ненад Лазаров возврати со уште еден статус од него, веројатно и последен во оваа кавга.
“Специјализација по гинекологија почнав во 2014 година, приватна, една година од кога завршив турнуси не полагам специјалистички бидејќи должев скоро 8000 евра на факултетот, плус 1000 за испитот, не ми е татко ми ни директор ниту професор. Се згрбавив од работа 6 години по 14 часа, секој ден прва смена на ГАК па смена кај мене во ординација, 24 часа дежурства (повеќе од 200), операции куп, породени трудници, едукации вон курикулум, АСМЛ ја градевме од 0… Петар растеше паралелно
И еве, денес имам голема ординација, собрав мање више пари да ја платам специјализацијата и ќе полагам наскоро, само опуштено За медицина и моја компетенција во медицина со уличарки нема да се објаснувам ни збор повеќе.
Ниту за било што друго“ напиша д.р. Лазаров.