Со насловна фотографија од Али Ахмети на неговиот Фб профил, Абдуљ Селам – Селами – заменик директор во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се пофали со бројот на вработени Албанци во оваа државна институција, објави ако.мк
Тој ги собра на прием во својата канцеларија вработените од албанска националност и направи фотографија која ја постави на својот ФБ профил со следната порака:
,,Најдобар подарок за мене е кога ќе го видам овој голем број албански работници.
Да ве видам уште повеќе!-напиша тој.