Вработени во Дом за стари лица во Тајван биле принуден да се извинат затоа што најмиле егзотична танчерка да настапи за нивните корисници на инвалидска количка.
Домот на ветерани во Таојуан, државен објект за пензионирани воени лица во Тајван, платил стриптизерка за бурната прослава на Есенскиот фестивал – важен празник во кинеската култура, кога луѓето се собираат за да ја прослават жетвата на оризот и пченицата.
Видеото од неверојатниот настап е објавено на социјалните мрежи и брзо стана вирално.
На видеото се гледа како танчерка во чипкана долна облека танцува во скутот на постар маж и му ги „бута“ нејзините гради во лице. Изгледа на мажот не му пречи, напротив. А се чини дека и останатите станари на домот уживале во шоуто.
Сепак, домот се најде на удар на критики поради што вработените биле принудени да објават извинување.
„Намерата на настанот беше да ги забавува штитениците и да ги израдува. Многу ни е жал за навредата што беше предизвикана“, велат од домот.
Портпаролот на Домот за стари лица додал дека есенските прослави во старечкиот дом во претходните години биле откажани поради пандемијата на Ковид-19. За да го подигнат расположението на станарите, договориле да настапи стриптизерка.
Сепак, тие признале дека постапките на еротската танчерка биле „премногу ентузијастички и огнени“ и дека ќе бидат „повнимателни“ кога ќе планираат вакви настани во иднина.