Познатиот шпански порно глумец Начо Видал (46) беше уапсен под сомнение дека го убил модниот фотограф Хозе Луис Абад за време на еден од неговите ритуали со отров од жаба, пренесува „Телеграф“.
Ритуалот на англиски јазик се нарекува toad-venom ritual, што буквално значи ритуал со отров од жаба. По 11 месеци истрага, Начо минатата недела беше сослушан од полицијата поради сомневања дека тој имал врска со смртта на модниот фотограф во јули 2019 година.
„Полициската истрага започна по смртта на жртвата за време на одбележувањето на мистичниот ритуал, кој се заснова на вдишување на отровот на жабата bufo alvarius“, се наведува во полициското соопштение.
Адвокатот на ѕвездата на филмовите за возрасни, кој во својата кариера има снимено повеќе од 1.500 порно филмови, рече дека „неговиот клиент го смета за невин“, опишувајќи ја ситуацијата како несреќна околност.
Овој редок вид жаба, со потекло од пустината Соноран, лачи отров кој содржи многу моќна природна психоделична супстанција позната како 5-MeO-DMT, пренесува британскиот „Метро“.