Поранешната манекенка, 45-годишната Џулс Нортон, попозната како сопруга на славниот британски готвач, 45-годишниот Џејми Оливер сподели дека имала спонтан абортус за време на карантинот.
Имено, како дел од емисијата „Made by Mammas“, Џулс искрено зборуваше за проширување на семејството, а потоа откри како таа и нејзиниот сопруг, кои имаат пет деца, изгубиле три бебиња во последните неколку години.
Запрашана дали сака да има шесто дете, таа одговорила:
„Да, многу сакам, но од последниот пат кога бев тука имав три спонтани абортуси, па размислувам… последниот беше пред само три недели, па си мислам ‘Не’. Не знам. Навистина сакам, но морам да направам ментална проверка дали тоа е добра идеја. Исто така и физички, бидејќи имам 45 години… Не ми останува уште долго време, можеби уште една година, а потоа вистински ќе го затворам тоа поглавје, бидејќи сум многу среќна и исполнета во моментов. Ужасно е да посакуваш нешто, а да не можеш да го имаш. Пред неколку дена бев на доктор и ме праша како сум ментално, а јас му одговорив: ‘Па, ова е петти досега’. Имав два пред Ривер, но тие беа многу рано во бременоста. Последните два беа на шест и пол недели, но добро се справувам“ – објасни Џулс.
Инаку, минатиот месец, Џулс и Џејми прославија 20 години од нивниот брак.