Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 03.06 до 05.06.2022):
Направени се 2.257 тестови, а регистрирани се 135 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 93, Битола и Кавадарци – по 8, Прилеп, Охрид, Штип и Струмица – по 3, Куманово, Велес, Гостивар и Неготино – по 2, Тетово, Кичево, Свети Николе, Дебар, Виница и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (135), регистрирани се 25 реинфекции.
Регистрирани сe 164 оздравени пациенти од: Скопје – 121, Битола – 19, Штип – 4, Прилеп – 3, Кавадарци, Куманово, Неготино, Кичево и Свети Николе – по 2, Велес, Тетово, Кочани, Гевгелија, Ресен, Крива Паланка и Демир Хисар – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (од 03 до 05.06.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.