Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Имуниот систем со возраста станува послаб. Има многу супер храни кои го јакнат имунитетот, но да се задржиме на оние кои нас ни се достапни, кои можеме да ги најдеме во нашите продавници и на пазарите.
Јогуртот е освежувачки и нискокалоричен, идеален летен напиток. Уште старите народи знаеле дека помага за слабеење и ја подобрува плодноста. Содржи здрави бактерии кои го држат дигестивниот тракт здрав со здрава бактериска флора, ослободен од бактерии кои предизвикуваат болести. Содржи калиум, рибофлавин, цинк, витамин Б5 и јод. Витаминот Б12 е важен за созревањето на црвените крвни зрнца и нервниот систем. Едно истражување укажува дека јогуртот помага и за подобрување на плодноста кај мажите. Јогуртот е природен лек против изгореници, одлично ја лади кожата.
Лукот е право богатство за здравјето. Со милениуми се користи во различни култури како најделотворен лек за многу болести. Лековитоста на лукот потврдена е и од званичната медицина. Содржи повеќе од 200 биолошки активни материи. Најмногу има етерични масла, витамин А, Б1, Б2 и Ц, минерали, калиум, железо, сумпор, јод, калциум, фосфор, селен, аминокиселини, ензими, полиози, инсулин, аденозин и алицин. Сите состојки се концентрирани, затоа лукот е лековит и во мали количини.
Спречува содавање на тормби. Го намалува холестеролот, превентивно спречува развој на малигни болести, ги шири крвните садови што е важно за лицата со главоболка и болки и грчеви во потколеници. Го намалува крвниот притисок, крвните садови ги прави поеластични. Го подобрува здравето на црниот дроб, бубрезите и простатата. Помага во лекување на грип, бронхит, во Русија го викаат природен пеницилин. Делотворен е и во борбата со херпес и габички како кандида.
За подобрување на мисловните процеси одговорен е сумпорот поради кој е заслужен за непријатниот здив. Лутата арома од организмот се ослободува дури по 72 часа потполно и тоа преку белите дробови.
Ѓумбирот намалува воспаление, хронична болка, го намалува холестеролот. Тој е природен начин за настинка и стар кинески лек за ослободување од гасовите во стомакот.
Зелениот чај е еден од најпопуларните топли напитоци. Има неверојатни лековити својства. Има антиканцерогени особини, помага кај кардиоваскуларните болести и го јакне имунитетот, силен борец е против вирусите. Антиоксидансите во зелениот чај се борат против канцер на бели дробови, дојка, кожа, желудник, црн дроб, простата. За имунитетот важни се полифенолите и флавоноидите. Го намалува ризикот од срцев удар, ги прави здрави крвните садови. Внимава на нивото на шеќер во крвта, стимулира производство на инсулин од панкреасот.
Плифенолите помагаат за подобро учење и за меморија. Се бори против прерано стареење, ги чисти крвните садови одвнатре. Помага да ослабеме, го забрзува метаболизмот и ги намалува маснотиите во крвта. Ја штити кожата од сонце со своите антиоксиданси. Ја зголемува издржливоста во тек на вежбање.
Овесот содржи бета-глукан, кој го јакне имунитетот и помага за зараснување на раните. Богат е со влакна, а низок со холестерол.
Броколите содржат витамин А, Ц, Е, антиоксиданси, влакна и фолати. Штитат од срцеви болести, мозочен удар и некои видови канцер. Внимајате само да не ги преварувате!
Спанаќот е важен за коските, содржи витамин К кој спречува губиток на коските.
Јајцата се богати со многу хранливи материи и се евтини, богати се со белковини. Важни се за севкупното здравје.
Карфиолот содржи глукозинолати кои се борат со канцер. Ги штити белите дробови и стомакот, кај жените се грижи за здравјето на градите, матката.
Лосос содржи омега-3 масни киселини кои ги намалуваат кардиоваскуларните болести, штити од послеици од претерано сончање.
Кога ќе појдетеда пазарувате сетете се на овие супер храни за јакнење на вашиот имунитет.