Полицискиот час од 27 април до 15 мај да почнува од 21 часот, а угостителските објекти да ги отворат само летните тераси за гостите, е предлогот на Главниот координативен кризен штаб до Владата. Штабот препорачува тековните мерки со полициски час од 20 до 5 часот и затворени кафулиња и ресторани да продолжат да важат до 27 април.
.Во случај на потврдување на трендот на опаѓање, Главниот координативен кризен штаб ќе ја разгледа можноста за предлог за намалување на рестрикциите, исклучиво во случај на континуитет во падот на бројот на заразени и бројот на хоспитализирани лица и тоа конкретно за:
-Во периодот од 27 април 2021 година (вторник), заклучно со 15 мај 2021 година (сабота), да се отворат угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел);
-Забраната и посебниот режим на движење да почнува од 21:00 часот до 05:00 часот наредниот ден;
-Да ги разгледа можностите при намалување на рестриктивните мерки да се дозволи организирање на спортски тренинзи организирани од страна на фитнес центри/клубови на отворен простор (наместо во затворена спортска вежбална/сала);