Последниве денови зачестија контролите во солунските ресторани и кафулиња околу кршењето на законот за пушење во угостителски објекти, кој стапил на сила уште пред десетина години, но власта на Киријакос Мицотакис сега интезивно го спроведува.
Казната за пушење во Грција е 50 евра за гостинот, а 600 евра за газдата на угостителскиот објект. Ако се повтори делото, казната е двојна, и може да достигне до 10.000 евра за газдите на локалите.
Интересно е што зачестени се и контролите и околу пушењето во автомобил во приисуство на дете до 12 години. Казната се движи до 1.500 евра за шоферот или некои од од патниците што пушат. Исто така се одзема и возачката дозвола на еден месец.
Инаку, новата грчка конзервативна влада вети дека ќе го забрани пушењето во затворени јавни простори. Владата на Киријакос Мицотакис, која се декларира како истакнат анти-пушач, се надева дека казните и одлучноста на властите ќе функционираат, откако претходно слични обиди за спроведување на забраната завршија со неуспех, се наведува во електронското изданије на „Катимерини“.