Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија со став околу аерозагадувањето кое подолго време му се случува на Скопје и зголемениот број на пациенти со вируси.
– Загадениот воздух драстично ја зголемува патогеноста, тежината на клиничката слика и прогнозата на двата најчести зимски вируси (Респираторен синцицијален вирус и вирусот на инфлуенца-грип). Затоа да не Ве изненадува што овие денови сите кашлаат, имаат покачена температура и општа слабост, вели докторот.
– Затоа сѐ почесто одиме на погреби, отколку на мекици. Секој вложен денар во здрава животна средина, трикратно се исплаќа, само да има некој надлежен тоа да го разбере и сфати, напиша познатиот доктор во објава на својот Фејсбук профил.