Списокот на докажани знаци на Ковид-19, неодамна објавен од Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), вклучува единаесет симптоми. Треска, кашлица и останување без здив беа првите три „официјални“ симптоми кои ЦДЦ ги призна кога вирусот САРС-КоВ-2 почна да се шири низ САД. Како што напредувале истражувањата, тие го прошириле списокот во април и сега го дополниле со уште три знаци, имено затнат нос или течење на носот, гадење или повраќање и дијареја.
За симптомите на списокот се смета дека се јавуваат два до 14 дена по изложеноста на вирусот, но списокот не го вклучува секој можен симптом на Ковид-19. На пример, некои пациенти имале невообичаен осип на кожата, а овој феномен сè уште не е додаден на списокот. Официјалниот список постојано ќе се ажурира откако ќе пристигнат нови информации за новата болест, за сега има единаесет симптоми, пишува Živim.hr.
- Зголемена температура и / или треска
Ова е еден од најчестите знаци на Ковид-19. За малку покачена температура се смета дека е над 37,2, покачена над 38, а многу висока над 39.
- Кашлица
Пациентите често кашлаат суво. Ова значи дека тие не исфрлаат никакви секрети, слуз или плунка кога кашлаат.
- Краток здив
Почеста е во тешки случаи на Ковид-19. Може да варира во сериозноста – од краток здив при нормална активност (како на пример одење по скали) до проблеми со дишењето и во мирување.
- Замор
Може да се чувствувате исцрпени, поради борбата на телото против вирусот. Овој напор не ве остава со доволно енергија за вас, вели матичниот лекар Сузан Бесер од Медицинскиот центар „Милос“ од Балтимор.
- Болка во мускулите и по целото тело
Тоа е типичен симптом на други вирусни инфекции, вклучително и грип, и може да биде директен резултат на зголемена температура и треска. Лекарот за семејна медицина Дејвид Катлер од Здравствениот дом „Свети Јован“ во Санта Моника вели дека треската може да предизвика болка низ целото тело, како дел од реакцијата на воспалението.
- Главоболка
Зголемената температура, исто така, може да доведе до долготрајни главоболки, вели Др. Катлер. И други несакани ефекти на болест, како што е слаб сон, јадење мала количина храна и пиење недоволно количество течности, може да предизвика главата да ви биде како тапан.
- Губење на чувство за мирис и вкус
Губењето чувство за мирис и чувството за вкус се издвојуваа како невообичаени симптоми на Ковид-19, но всушност таков феномен веќе е забележан кај луѓе кои веќе се заболенит од вирусот, рече др. Рејчел Кеј, доцент за ларингологија и нарушувања на голтање на универзитетот „Рутгерс“ во Њу Џерси. Вирусите можат да предизвикаат воспаление на мукочните мембрани во ноздрите, што предизвикува отекување и да ја променат можноста да чувствуваат вкус и мирис, објаснува Др. Кеј
- Болки во грлото
САРС-КоВ-2 е респираторен вирус, што значи дека може да предизвика формирање на прекумерна слуз, која потоа тече од носот во грлото. Со постојано кашлање, овој феномен може дополнително да го иритира грлото, вели д-р. Бесер.
- Затнат нос или течење на носот
Овие се вообичаени симптоми кај други вирусни респираторни заболувања, како што се грип или обична настинка. Со Ковид-19, назалниот застој или течење на носот може да биде директен резултат на оток во ноздрите што исто така влијае на вашето чувство за мирис, вели д-р. Кеј
- Гадење или повраќање
Не е целосно јасно зошто се појавува гадење или повраќање, но има неколку теории. Тие би можеле да бидат резултат на зголемено лачење од респираторниот тракт во стомакот, но исто така е можно дека кај некои луѓе вирусот едноставно „се однесува така“, смета д-р. Бесер. Истражувањата објавени во американскиот журнал за гастроентерологија ја сметаат теоријата дека овој вирус може да предизвика проблеми со желудникот, бидејќи тој влегува во човечкото тело преку рецептори кои постојат и во горниот и во долниот дел на гастроинтестиналниот тракт, каде што има до сто пати повеќе отколку во респираторните органи.
- Дијареја
Теориите за појава на дијареја се исти како оние за појава на гадење и повраќање – можно е вирусот едноставно да се „вкорени“ во дигестивниот тракт на одредена „подгрупа“ на луѓе. Студијата, објавена во американскиот журнал за гастроентерологија, открила дека кај повеќе од 200 луѓе со поблага форма на Ковид-19, дијареата е првиот симптом кај скоро 20 проценти од нив.