Починатиот 36-годишен пациент е примен на Инфективната клиника во Скопје на 19 октомври, а бил поставен на неинвазивна вентилација ден подоцна, информира за Фактор Милена Стевановиќ директор на Клиниката за инфективни болести. Тој е еден од четворицата пациенти од Скопје кои во изминатото деноноќие ја изгубија битката со корона вирусот, пишува Фактор.мк.
„При прием, пациентот имал масивна пнеумонија и сатурација од 75 проценти. Пациентот бил со прекумерна тежина и имал дијабетес мелитус, тип 2 за која примал терапија, HTA“ вели д-р Стевановиќ за интернет порталот Фактор.мк.
Инаку, од останатите пациенти кои починаа вчера, три се од Скопје ( 60, 65 и 53г), еден пациент од Штип (66г), еден од Радовиш (72г), еден од Струмица (71г), еден од Пробиштип (75г) и еден пациент од Македонска Каменица (44г).