Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, бил застрелан денеска во Братислава по состанокот на владата, пренесуваат медиумите.
Еден од сведоците изјавил за „Reuters“ дека слушнал неколку истрели и видел дека полицијата привела еден човек.
Тој исто така додал дека видел како обезбедувањето става едно лице во автомобил и со голема брзина заминува од местото.
Фицо е префрлен во болница, а засега нема информации во каква состојба се наоѓа.
Според првичните информации, премиерот по седницата излегол пред Домот на културата каде се поздравувал со луѓе и во тој момент се слушнале истрели.
Претседателката на Словачка, Зузана Чапутова, остро го осуди „бруталниот и безобѕирен“ напад врз премиерот.
„Шокирана сум. На Роберт Фицо му посакувам многу сила во овој критичен момент и што побрзо да закрепне“, изјави Чапутова.