Македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ и топ моделот Катарина Ивановска за прв пат на социјалните мрежи објавија заедничка фотографија.
Имено, двојката на Инстаграм стори постави фотка на која се заедно во една скопска кафана.
Претходно, иако долго време се зборуваше дека се заедно, тие досега ниту потврдија ниту негираа дека се во врска.
Инаку, Перо Антиќ од претходниот брак со Ружица има три сина, додека пак, Катарина Ивановска од врската со Цобе има син и ќерка.