Заев уште се надева дека Груевски ќе лежи в затвор

by Тони Зографски

Премиерот на Македонија, Зоран Заев денеска од португалскиот град Лисабон порача дека очекува Унгарија да го врати екс-премиерот во бегство, Никола Груевски, за да ја одлежи двегодишната затворска казна.

„Согласно меѓународните стандарди и конвенции Груевски треба да биде вратен на издржување на правосилната судска пресуда во Македонија. Се надевам дека Унгарија ќе ги преиспита одлуките и ќе го врати на издржување на казната“, одговори премиерот Зоран Заев.

Груевски избега од државата кон средината на минатиот месец, откако судот му одреди двегодишна затворска казна за случајот „Титаник“, набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден околу 600.000 евра.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com