Премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ Клан изјави дека еден од руските комичари му пишал порака откако тој имаше прес-конференција во врска со разговорот со него и уште еден руски комичар, верувајќи дека зборува со поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
“Вчера ми пишуваше истиот тој лажен човек, една порака дека храбро сум се борел против моите непријатели на вчерашната прес-конференција. Јас возвратив со порака, реков дека јас сум чесен човек, немојте да го правите тоа така какви и да се шегувате со чесни луѓе кои сакаат чесно да им служат на своите држави и својот народ. – рече Заев.