Тројцата загинати лица во собраќајната несреќа што ноќта меѓу неделата и понеделникот се случи на автопатот Лесковац- Ниш, најверојатно загинале од приклештување под автбусот.
– Возачите што во тој момент беа на патот, застанаа, и први им притекнаа на помош на повредените патници. Под автобусот тие затекнале страшна гледка. Тројца луѓе лежеле во снегот и биле мртви. Најверојатно при превртувањето на автобусот тие излетале и биле приклештени под него – изјавил извор за српски Курир.
Во спасувањето на патниците учествувале дури осум екипи на брзата помош од Лесковац и Ниш, потоа неколку противпожарни екипи, полицијата и возачи кој застанале обидувајќи се да помогнат.
Инаку, како што пишуваат српските медиуми, неприлагодливата брзина е најверојатно причина за несреќата. Автобусот се движел со брзина од 98 км/час, по завеан пат со снег. Наводно, шоферот во еден момент и задремал што било кобно за несреќата. Извршена е истрага, а на возачот кој е повреден му е одредено задржување.