Од ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека денеска, околу 07 часот кај нив со тешки телесни повреди бил донесен маж од Сопиште.
Според пријавата, се работи за 52-годишниот Т.К. од Сопиште, скопско, кој се здобил со повредите додека товарал товарно моторно возило во близина на неговата куќа. Во еден момент возилото само се придвижило наназад, а Т.К. во обид да го сопре, паднал и со задното тркало бил прегазен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.