Британската кралица Елизабета Втора соопшти дека е согласна со желбата на принцот Хари и неговата сопруга Меган да водат независен живот и да се преселат во Канада.
Во соопшението на кралицата се наведува дека состанокот на членовите на кралското семејство на приватниот имот Сандригем бил конструктивен. Таа додава дека е договорен преоден период во кој војводата и војвотката од Сасекс ќе го поминат во Канада и во Велика Британија – пренесува АП.
Кралицата напомна дека уште има прашања кои не се решени, а со нив ќе се позанимава наредниве денови.
Инаку, на состанокот со Елизабета Втора во Сандригем присуствувале нејзиниот син Чарслс и внуците Вилијам и Хари. Отворен линк имал со војвотката Меганод Канада. Главна тема била идните ангажмани на Хари и Меган откако најавија повлекување од кралските должности.