Шпанскиот глумец Педро Алонсо (48), познат како Берлин од популарната шпанска серија “Ла Каса де Папел” е во врска со Србинката Татјана Ѓорѓевиќ која е родена во Свилајнац.
Глумецот кој е роден во Виго, а кој преку ноќ стана звезда, нема преголеми амбиции во актерството, туку сака само да ужива во животот. А тоа најдобро го прави сликајќи во тандем со својата девојка која е уметник.
-Не сакам да бидам милионер, ниту звезда, единствено што сакам е популарноста да ми пружи да пробам нешто ново во животот, – изјавил Алонсо за хрватска “Глорија“.
-Кога бев млад не верувам во себе, и што ѝ да направев не ми се допаѓаше. Затоа сакав да си го променам животот и да уживам во него.
Овие денови ќе биде објавен и дебитантскиот роман на шпанскиот актер. Книгата ќе биде опремена со бројни илустрации кои ги насликала неговата девојка, чие уметничко име и е Тиксие Јамбас.