Фатима Кишванд (22) позната како Сахар Табар, а уште попозната како “хорор Анѓелина Џоли“ заразена е со коронавирус и нејзините адвокати баараат да биде ослободена.
Фатима од октомври е во затвор поради обвинение за “културно злосторство и социјална и морална корупција“, пренесува иранската новинска агенција.
“ Изгледа дека стана навика властите да негираат се“ вели еден од адвокатите кој напоменува дека нема смисла директорот на затворот да лаже дека Фатима нема коронавирус и дека тој не е проширен во затворот.
“ Повеќе жени од тој затвор ме информираа мене и моите колеги за ужасните услови во затворот и дека коронавирусот веќе се проширил“, вели адвокатот.
“ Мислам дека не е прифатливо млада жена заболена од коронавирус да биде во вакви услови и притворот да и биде продолжен“ во средата изјави адвокатот за човечки права, Пајам Дерафшан.
Инаку, “хорор Анѓелина Џоли“ често објавуваше слики со морбидно нашминкано лице, со акцент на огромните усни, и смалениот шпицест нос, а на фотките се гледа дека е на ивица на анорексија.