Славната манекенка Жизел Бундшен очигледно секогаш е мета на папарацо фотографите, а еве што забележале тие овојпат во Мајами.
Жизел е целосно посветена на своите деца, синот Бенџамин (12) и ќерката Вивиен (9) над кои го дели старателството со поранешниот сопруг Том Брејди.
Со децата таа пред некој ден го посетила популарниот аквапарк во Мајами каде и самата се препуштила на уживањето. Фотографиите од Жизел во бикини се како потсетник на оваа жена за време на нејзината манекенска кариера.
Славната Бразилка според мислењето на јавноста важела за една од најзгодните жени на светот, а тоа е така и денес – би се согласила публиката која ѝ ја доделила таа титула пред неколку децении.
Жизел пред неколку години се збогуваше од манекенството, но не и од модата, па одвреме-навреме таа учествува во модни кампањи. Секогаш е подготвена за такви модни ангажмани.
Популарната манекенка била таа која го иницирала разводот. Во официјалното соопштение навела дека ќе остане во пријателски односи со поранешниот сопруг, а во текстовите кои го најавувале крајот на нивниот брак истакната е неговата одлука да продолжи со спортската кариера, па токму тоа била капката која ја прелила чашата.
Жизел сакала тој повеќе да се посвети на семејството поради тоа што последните години бил премногу фокусиран на работата, а тоа го признал и самиот тој.
Не се сомневаме дека Том е добар татко, но очигледно на Жизел ѝ здодеала неговата листа на приоритети или пак неговата неумешност да избалансира меѓу обврските.
Том барал втора шанса, но сепак Жизел не се предомислила. Предбрачниот договор им го олеснил разводот, а иако многумина верувале дека се „совршен“ пар и дека ќе останат до крајот на животот заедно, сепак се случило друго сценарио.
Мора да признаеме дека Жизел по разводот навистина блеска.