На местото на поранешната седумкатница Гоџа 2 во квартот Оникшибат во Кахараманмараш, спасувачките тимови ја извлекоа брачната двојка Багис од под куп урнатини.
Али (55), неговата сопруга Зелал (40) и нивната петгодишна ќерка Мир Берзан Багис, пишува порталот dokuz8haber.
По 73 часа по земјотресот, од урнатините живо и здраво е извлечено тричлено семејство, што беше проследено со радост на спасувачите.
Да потсетиме, Турција во понеделникот рано наутро беше погодена од два силни земјотреси кои зад себе оставија вистински пустош. Според официјалните податоци на Турција, до понеделник во земјотресот загинале над 15.000 граѓани, а повеќе од 53.000 од нив се повредени.
Спасување во последен момент
Исто така, 76 часа по земјотресот, две лица чии имиња не се соопштуваат се пронајдени живи. Имено, тие се откриени по уривањето на четиринаесеткатница во квартот Газиантел Батикент. Повредените со возило на Брза помош биле пренесени во болница.
По 72 часа спасувачите го пронашле Хасан Јуча (79) во урнатините на трикатница во населбата Антаки во Хатај, кого спасувачите го пренеле на грб во амбулантно возило. На спасувачите им рекол дека преживеал на студеното време бидејќи ги завиткал голите нозе во крпа што случајно се нашла кај него. Ја спомена и локацијата во урнатините каде се уште се наоѓа неговиот внук.
Исто така, по 64 часа потрага, жив е пронајден младиот човек Доган Акек при уривање на станбена зграда во Мараш. Додека ги чекал спасувачите, на ѕидот успеал да напише „Не губи надеж“.