Феликс Гретарсон (49) од Исланд е првиот човек во светот кому хирурзи пред 16 месеци му ги пресадиле двете раце.
Имено, рацете му биле ампутирани кога на работа во 1998 година доживеал струен удар.
Според него, операцијата траела повеќе од 15 часа, а брзината со која повторно ги совладал заборавените вештини како фрлање топка и возење автомобил ги воодушевила хирурзите, пишува Дејли Мејл.
Феликс минал низ болно животно патување, бидејќи по ампутацијата и 54-те операции, ја загубил девојката, кариерата, а како што вели ја и прекинал врската со ќерките.
За среќа, овој човек конечно има можност повторно да ги прегрне ќерките и внуците. Инаку, Феликс последен пат ја прегрна ќерка си Диља кога таа имала само три месеци.
„Додека ги гледав како плачат како бебиња, ми беше неописливо тешко да не можам да ги земам“, рече Феликс.
Благодарение на силниот дух кој го водел низ стотици часови рехабилитација, Феликс по само шест месеци од операцијата почнал да ги движи лактите кога бил во вода, а по девет месеци успеал да ги движи и прстите. Како што самиот вели, лекарите го очекувале овој напредок само две години по операцијата.
Новите раце на Феликс и работата на хирургот му дадоа сосема нова животна перспектива.
– Тоа е постепен процес, чувството е поинакво. Отпрвин не бев сигурен дали мрдам со прстот или нешто слично. Сега можам да движам три прста и зглоб кон себе. Кога првпат го почувствував ветерот на раката, беше многу чудно – открива тој.
Покрај уживањето во новото чувство на независност во секојдневниот живот, Феликс се надева дека трансплантацијата на двете раце која вклучува раменици наскоро ќе биде подостапна и ќе го подобри квалитетот на животот за повеќе луѓе.
– Кога ја планираа операцијата, целта беше да ми овозможат да го свиткам десниот лакт, бидејќи немаа многу надеж за левиот. И покрај прогнозата, сега ги движам рамената, лактите, но и зглобовите и прстите. Тоа е како да живеете во бајка – заклучува Феликс Гретарсон.