Нијадак Даки Тот е австралиска манекенка која привлекува внимание каде и да се појави, а луѓето ја нарекуваат дури и жива барбика. Таа има 23 години и пораснала во Мелбурн. Нејзиното семејство избегало за време на војната во Јужен Судан и домот го создале во Австралија.
Даки во светот на моделингот влегла на 15-годишна возраст, благодарение на нејзината сестра Ники која исто така се бави со манекенство. Во 2013. година, таа учествувала во австралиската верзија на шоуто „Следен Топ модел“ и завршила на третото место. Даки доживеала скоро неверојатни ситуации во шоуто – публиката првично помислила дека не е природна, и дека се подложила на естетски зафати и испратила ретуширани фотографии.
После тоа, таа се преселила во Њујорк со надеж дека ќе има кариера од светска класа. Тоа и успеало во 2017 година, откако ја снимила кампањата наречена „Duckie After Dark“, кога таа навистина позирала како барбика, а многумина во тоа време напишале дека е толку неприродно убава што не биле сигурни дали станува збор за личност или кукла.
Сега живее во Њујорк и се надева дека конечно ќе го оствари сонот за светска кариера.
На Инстаграм ја следат над два милиона корисници, а таа ја користи приликата да ја покрене свеста околу проблемите со кои се соочува Јужен Судан.
https://www.instagram.com/p/BiwsRMOgcEe/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/Br0zFZxHZCP/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/BvMlsCwHH4W/?utm_source=ig_web_button_share_sheet