Српскиот водител и актер Милан Калиниќ со жена му е на одмор, на дестинација која не ја открива. Тој на својот Инстаграм профил секојдневно постира фотки од летовањето.
Милан објави две фотографии од плажа на кој на првата, на сопругата Сандра од песок и направи пераја за да изгледа како сирена.
-Ме спаси сирена- напиша глумецот на првата фотографија.
– А потоа се одолжив… тој додаде на втората фотка на која разменуваат нежности со жена му.
Инаку, Милан и Сандра се во брак од 2006 година и имаат две деца, синот Вук и ќерката Теа.