Драматична сторија се случила на 3 ноември во англискиот град Менсфилд, каде куче од расата американски Bully XL повредило неколку лица.
Неименуваниот маж и жена се примени во болница со сериозни повреди и им е укажана лекарска помош, додека животното е заробено и ставено на безбедно место.
Сѐ започнало вечерта кога куче нападнало човек и му нанело повреди на главата и телото. Несреќниот маж паднал од третиот кат на зградата додека се борел за живот.
Неколку моменти подоцна, кучето се нафрлило на жената, а таа скокнала низ прозорец за да се спаси, пишува Daily Star.
Повредените се здобиле со скршеници на коските, но нивните животи не се во опасност.
Полицијата набрзо пристигнала на местото на настанот и животното било фатено. Во врска со инцидентот, уапсени се 38-годишен маж и 24-годишна девојка под сомнение дека дозволиле кучето опасно да излезе од контрола, пренесува The Guardian.
Подоцна било утврдено дека се повредени уште две лица, од кои едното не сакало лекарска помош.
Нападот дојде недолго откако британската влада ги објави плановите за забрана на расата.
Од крајот на декември незаконско ќе биде одгледувањето, продавањето и рекламирањето на американскиот були. Постоечките миленичиња ќе мора да се држат на поводник и со маска на јавни места.