Повеќе од 800 домаќинства останаа без струја по бизарен инцидент во Јута.
Неименувана жена влегла во локалната трафостаница на електричен дистрибутер и се качила на каблите, по што интервенирала полицијата во Солт Лејк Сити.
Надлежните го исклучиле напојувањето за жената да не добие струен удар, поради што домаќинствата во околината останале во „мрак“.
На лице место се собрале и голем број љубопитни граѓани, пренесува Daily Mail.
„Таа висеше на кабел и викаше дека светот повеќе не е безбеден за неа или за нејзините идни деца. Бевме загрижени дали ќе падне“, изјави Рајан Кент за локалните медиуми.
Кога полицајците го кренале кранот за да ја стават жената во корпата, таа бесно протестирала. Еден од обезбедувањето ја предупредил дека ќе користи „тизер“, по што таа решила да се симне.
На видеото ја слушаме како вреска, па останува нејасно дали полицаецот користел „зашеметувач“.
„Имаше болки, плачеше, а потоа брзата помош ја собра“, додал Кент.
Претставникот на електродистрибутерот изјавил дека неименувана жена влегла во трафостаницата и ја оштетила контролната табла. Два часа по прекинот, домаќинствата повторно добиле струја.