Жена му на францускиот актер Венсан Касел, Тина Кунаки (22) иако наскоро ќе стане мајка, гола се фотографираше за магазинот “Фото“.
Со оваа фотографија манекенката и актерка која минатата година се венчаше со поранешниот сопруг на Моника Белучи, Венсан Касел, им се придружи на познатите трудници кој претходно се фотографираа за престижниот магазин, од Бритни Спирс, преку Клаудија Шифер, па се до Деми Мур, од која во 1991 години и се започна.
Оваа фотографија сигурно му се допадна и на Венсан кој на петти април на својата сопруга и ја честиташе годишнината од бракот.
Инаку, Венсан Касел од 1999 до 2013 беше оженет со Моника Белучи со која ги доби ќерките Леони и Дева.