Странска државјанка која имала пластична операција во Турција во приватна клиника во Истанбул, наводно се обидел да побегне од болницата со мамурлак од анестезијата за да не ја плати сметката.
Неименуваната жена, чија глава сè уште била во завои и која била облечена во болничка ноќница, била запрена во последен момент.
Сè се случило на 7 февруари во вечерните часови, а избеганата пациентка во последен момент била задржана од лекарите и медицинските сестри.
Турските медиуми јавуваат дека жената пред операцијата била информирана за цената на болничките услуги и дека откако се согласила „отишла под нож“.
Интервенцијата била направена под општа анестезија, но кога ја разбудиле по операцијата, жената се уште под дејство на анестезија се обидела да ја напушти болницата за да не плати за услугата.
Наводно, во моментот на бегството жената сè уште имала дренови!
Кога лекарите ја запреле, таа наводно почнала да ги пцуе, а потоа и физички ги нападнала.
На крајот била задржана од обезбедувањето.
Не е познато дали била задржана на клиниката и како завршил овој бизарен случај.