Актерката Дерил Хана (62) е една најубавата жена од светската јавна сцена. Таа долго не се појавила на црвениот тепих, а кога тоа го направила на 65-тото доделување на „Греми“ наградите во Лос Анџелес, едноставно немала конкуренција.
Дерил Хана останала верна на својот ексцентричен стил, но нејзиното неодамнешно модно издание не било толку необично, а секако било добар избор. Сако-фустанот во комбинација со пругавите хулахопки и спортско-елегантните чевли можеби не биле во целост адекватни за гламурот на „Греми“, но ова секако дека е стилот на актерката чие лице е доказ дека и таа за жал не останала имуна на ботоксот, односно естетските корекции.
Актерката благодарение на тоа го добила епитетот „ѕвезда замрзната во времето“. Интересно е тоа што Дерил Хана не е поборник на природниот изглед иако е голем борец за зачувување на природата поради што повеќе пати била во конфликт со полицијата.
Таа во 2011 година била уапсена пред Белата куќа заедно со други демонстранти кои се противеле на градењето на нафтоводот од Канада до Тексас.
Наредната година била апсена на североистокот од Тексас заедно со уште една жена затоа што протестирале против изградбата на нафтоводот којшто требало нафтата од Канада да ја пренесува до Мексиканскиот залив.
Дерил која освојувала бројни срца од познатите мажи меѓу кои биле и Џексон Браун, Дејвид Блејн и Џон Кенеди јуниор, водела возбудлив љубовен живот, а се венчала на 57 години.
Хана се венчала за музичарот Нил Јанг којшто тогаш имал 72 години и кој поради неа ја напуштил сопругата Пеги со која бил во брак 36 години.
„Нема врска што мислат другите луѓе. Не ни е гајле. Немаат поим што зборуваат. А, дури и да имаат единствено што е важно сме ние“, прокоментирал музичарот додека неговата поранешна сопруга рекла:
„Имавме тежок период во бракот, но никогаш не помислив дека ќе се разведеме. На сите ни беше тешко, и мене и на децата. Сите знаевме што се случува во моето семејство и тоа беше ужасно“.